Бонус во Bet365

Накрако, кога во прашање ена Bet365 станува збор за обложувалница која нуди комплетност во секој поглед и предизвикува чувство на задоволство кај играчите. Високите коефициент, брзината и дизајнот на сајтот се клучен елемент за една обложувалница, а тука секако е и атрактивната Бонус во Bet365 понуда.

Исто така 24 часовната корисничка поддршка во bet365 на многу јазици е голем плус за играчите. Лајв стримот (live stream) на натпревари дополнително придонесуваат за оваа обложувалница ја има лидерската позиција во онлајн обложувачката индустрија.

bet365
bet365 – company

Вебстрана на bet365

Според нас вебстраната на bet365 е една од најдобрите во обложувачката индустрија. Распоредот е јасен и не е комплициран, последните настани во живо доминираат на почетната страна со голем број понуди за обложување на овие настани пред нивниот почеток. Има и директни линкови за фудбалските натпревари, па веднаш можете да изберете играч или понуда поврзана со бројот на голови. Веб сајтот на bet365 е добро препознатлив кај голем дел од играчите. Ние одговорно тврдиме дека што и да барате ќе го најдете во најкус можен рок, бидејќи има одличен распоред и одлична брзина. Наше видување е дека страната е лесна за користење и секогаш ја подобруваат со цел да се задоволат потребите на клиентите.

почетна веб страна на бет365
Почетна страна на bet365

Покриеност

Кога ја посетивме bet365 забележавме дека нуди најширок спектар на спортови и понуди кои можете да ги замислите, со цел да се осигура дека клиентите секогаш ќе бидат во можност да се обложат на било кој настан или спорт. Не само што имаат широк спектар на понуди за обложување пред почетокот на натпреварот, но тие исто така имаат импресивна покриеност кога станува збор за обложување во живо, како што ќе забележите кога ќе ја посетите почетната страница на обложувалницата и ќе бидете сведок на настаните во живо и константната промена на нивните коефициенти.

Уплата на средства на bet365

При посетата на веб страната на bet365 видовме дека уплата може да извршите со следниве методи:

  • Кредитни и дебитни картички
  • Neteller
  • Skrill (Moneybookers)
  • Paysafecard
  • Paypal (само за Англија, Австрија, Германија, Ирска и Шведска)
  • Giropay (само за германија)
  • NeoSurf (само за Кипар)
  • Euteller (само за Финска)
  • Trustly (само за Финска и Шведска)
  • Nordea (само за Шведска)
  • Sporopay (Само за Словачка)
  • EntroPay
  • Qiwi (само за Русија и државите од поранешниот Советски Сојуз)
  • Sofort (само за Австрија, Швајцарија и Германија)
  • Abaqoos (само за Унгарија)
  • AstroPay (само за државите од Јужна Америка)
  • iDebit
  • Бнкарски трансфер и чек

Исплата на средства од bet365

Најважниот сегмент во една онлајн обложувалница е исплатата на средства. Зошто би играле ако не можете да ги подигнете средствата или пак би имало огромна провизија при добивање на истите. Во bet365 тоа го нема. Со еден збор, исплатата е совршена.  Според нашето искуство од користењето на bet365, кога сте спремни да подигнете средства од bet365 , можете да ги користите истите методи како и за уплата. Процесирањето е во рок од 24 часа за скоро сите методи, освен за банкарскиот трансфер кој одзема неколку дена. Подигнувањето е бесплатно, и максималниот лимит за подигнување е прилично висок, во зависност од методот на користење.

Корисничка поддршка

Уште еден важен сегмент на една онлајн обложувалница е корисничката поддршка. bet365 се одлични во тоа и нудат екстра професионална корисничка поддршка. Според нас, bet365 се едни од најдобрите во тоа. Како прво, имаат поддршка на 17 јазици, па нема да имате проблем да ги искажете вашите потреби и прашања. Има и разни начини за да стапите во контакт со нив. Бесплатниот телефонски број, емаил, факс, чет во живо и постови на форум. Сите овие се достапни 24/7 и ќе бидете изненадени од брзината на повратниот одговор. Најлесно е да ја добиете корисничката поддршка во живо која ја имаат на сајтот, и само за неколку секунди ќе бидете поврзани со супортерот, а  вашиот проблем ќе биде решен. Овде станува збор за комуникација со луѓе, а не со ботови и роботи како што е случај во повеќе обложувалници. Во многу други обложувалници генерално корисничката поддршка е проблем. Или станува збор за бот-агент или пак немаат ингеренции за отклонување на вашиот проблем, едноставно знаат само да ве препратат до стручните служби. Во Bet365, самата корисничка поддршка е овластена за многу сегменети, па во истиот момент се обидуваат и најчесто го решаваат вашиот проблем. Иако проблемите скоро и да ги нема во оваа обложувалница, се случува некогаш да се појават нејаснотии. Во таков случај воопшто не се двоумете да ги контактирате и да го добиете решението за вашиот проблем или одговорот за вашето барање.


Бонус во Bet365

Бонусот е главно „оружје“ на секоја онлајн обложувалница. Со помош на тоа, обложувалницата сака да ви привлече да станите нивни корисник. Бонусот може да се најде во повеќе видови и тоа се пари кои ги нуди обложувалница, а на тој начин вас ве привлекува како корисник и ви ја зголемува можноста за добивка. Во bet365 често се менуваат бонусите, но секогаш таа страна е доста богата со понуди. Во моментов има неколку активни понуди, кои за жал не се сите активни во нашата земја. Накратко ќе ви кажеме по неколку реченици за секој од нив.

Бонус за лојалност

Во обложувалница на bet365 се цени вашата лојалност. Оваа понуда е достапна за сите регистрирани корисници во сите земји. Доколку секој ден во период од 1-2 недели, bet365 ќе ви испрати е-маил со кој ќе ве извести дека токму вие сте добитник на тој бонус за лојалност. Од прилика вредноста на бонусот се движи од 5 до 20 евра. Посебни услови и правила нема за овој вид на бонус, треба да ви стине само е-маил.

Бонус за добредојде

Bet365 за нови корисници нуди бонус за добредојде до 25 евра. Штом ја отворите вашата сметка и направите прв депозит од најмалку 5 евра, вашата состојба ќе се зголеми за 100%. На тој начин вие ќе имате дупло повеќе средства на располагање. Тие средства ќе ви бидат доделени како кредити за обложување. Пример, правите 10 евра депозит и добивате 10 евра бонус. Бонусот го уплаќате на 3.00 коефициент и добивате 30. Во овој случај, бонусот се минусира, а вас ќе ви бидат исплатени 20 евра, односно само добивката. Ова е одлична шанса за нов почеток. Како што и погоре напишавме, максималната сума на бонус која може да ја добиете е 25 евра.

Еуро фудбал бонус

Доколку составите тикет од натпреварите од Топ 4 лигите во Европа, со типови конечен исход, односно конечен исход/вкупно голови, вашата добивка во bet365 ќе биде поголема. Имено, за изиграни три натпревари добивате 5% бонус, а како што додавате натпревари, така вашиот бонус расте. Максималниот процент на бонус е 100% за изиграни 14 и повеќе натпревари. Запомнете уште еднаш дека овој бонус важи само за најјаките европски лиги. Тука се Премиер лига, Серија А, Бундес лига, Ла Лига, како и групната и нокаут фазата од Лигата на шампиони. За да бидете квалификувани за оваа понуда, треба да ги изиграте натпреварите пред да започнат.

Предвремена исплата (bet365 Early Payout)

Доколку се обложите во bet365 на натпревар од англиската Премиер Лига, Ла Лига, Лига на шампиони и Лига Европа и вашиот тим на кој сте обложиле поведе со 2 гола разлика, тогаш облогот ви се смета за добитен.  Оваа понуда важи само за сингл натпревари изиграни пред почетокот на натпреварот. 

Предвремена исплата – НБА

Љубителите на НБА воопшто не се запоставени во оваа обложувалница. Имаат можност предвремено да се потврди облогот ако типуваниот тим заводи со 20 поени предност. Откако ќе се случи тоа, автоматски типот се потврдува како добитен и повеќе нема грижа за конечниот резултат. И во случај, таа разлика да биде неутрализирана и тимот да биде поразен, не се грижете, вие сте добитни. Ова е фантастична можност која ги зголемува шансите за добивка.

Повраток на влогот Полувреме/Крај

Оваа понуда во најдобрата онлајн обложувалница, Bet365 е наменета за сите играчи, осоебно за играчите кои се љубители на играта полувреме/крај. Имено, сите што ќе се обложат на било кој фудбалски натпревар со знакот полувреме/крај се квалификувани за оваа понуда. Станува збор за тоа, доколку изиграниот натпревар заврши со резултат 0-0, тогаш автоматски влогот ви се враќа на вашата сметка. Сепак многу често сме сведоци на вакви ситуации, па затоа топло ја препорачуваме bet365 обложувалницата за типување на полувреме/крај.

Предвремена исплата – Cashout функција

Оваа функција е нешто кое е многу корисно. За сите што се сретнувате прв пат со оваа функција ќе дознаете во продолжение за што станува збор. Имено, кога ќе изиграте тикет, обложувалницата ви нуди одредена цифра за да го „продадете“ вашиот тикет. Што значи, сте изиграле 5 натпревари, четири сте погодиле, а уште една се игра во подоцна. Во тој случај, обложувалницата ви нуди пари за да се откажете од облогот. Обично, цифрата е секогаш прифатлива на сингл натпревар, ако моменталниот резултат е во ваша корист. Сепак, понудената цифра е помала од вашата потенцијална добивка што е нормално, но откако ќе ја прифатите понудата, повеќе конечниот исход не ве засега, па може и да не заврши како што ви е изиграно.

bet365
bet365 – cashout функција

Bet365 казино дизајн и навигација

Дизајнот на казиното на bet365 важи за еден од најдобрите, бидејќи секојдневно се работи на негово подобрување со цел да се добијат што повеќе и повеќе задоволни корисници.

Навигацијата исто така е одлична, а доколку го испробате ќе се уверите во ова што го пишуваме. Таму што и да барате ќе го најдете премногу брзо, бидејќи сајатот е едноставен за користење.

bet365 рецензија

Избор на игри во bet365 казино

Категоријата казино на Bet365 е составено од повеќе подкатегории. Слот игри, игри со карти, игри на маса, видео покер и џек пот игри.

Слот игри

Кога го посетивме казиното на bet365 забележавме дека корисниците имаат пристап до повеќе од 250 игри во казиното на bet365. Вклучени се најразлични слот игри, кои вклучуваат дополнителни опции како бесплатни вртења и бонус игри.

Популарни се: Lucky Panda, Iron Man, Funky Fruits, Superman the movie, Monty Python and the Holy Grail, Superman II, God of Storms, Green Lantern и многу други.

bet365 рецензија

Игри на маса

bet365 Casino нуди вкупно 12 игри на маса и девет варијанти на рулет и блек џек. Некои интересни игри на маса се Baccarat, Pontoon, Craps и Tequila Poker, додека забавни и дарежливи варијации на рулет и блек џек се: Age of the Gods Roulette, Mini Roulette, Blackjack Surrender, Multi Hand Blackjack и 21 Duel.

Специјални игри што се наоѓаат овде се Multi Wheel Roulette и Lucky Blackjack.

Видео покер

Ако сакате да пробате нешто малку поинакво од слот на кои сте навикнати, видео покер е одлична алтернатива.

Гарантира возбуда и пристојни добивки. Забележавме дека на bet365 Casino има 12 видео покер игри како што се: 10’s or Better, 25-Line Aces and Faces, 4-Line Aces and Faces, 4-Line Deuces Wild, Deuces Wild, Jacks or Better Multihand, Joker Poker.

bet365 рецензија

Други игри

Достапни се и следниве игри: Around The World, Bonus Bowling, Derby Day, Dice Twister, Genie’s Hi-Lo, Heads or Tails, Keno, Penalty Shootout,Pop Bingo,Rock-Paper-Scissors,Rollercoaster Dice,Spin A Win.

Казино во живо на bet365

Казиното во живо општо како категорија е нешто кое е омилено помеѓу многу казино играчи. Посебно онлајн казиното во живо, предизвикува едно поинакво чувство, односно вие имате впечаток дкеа играте во живо заедно со дилерите, а притоа седите дома во вашата удобна фотеља или кревет.

Кога станува збор за овој вид на игра во Bet365, слободно може да кажеме дека им е беспрекорно. Располагаат со високи резулции, пријатни звуци итн.

Фановите на игри со дилер во живо можат да бираат помеѓу Азиски дилер и Европски дилер. Нема потреба претходно да се регистрирате или да креирате нова сметка за да добиете пристап до делот за казино во живо.

Верзијата со Азиски дилер во живо ги нуди Sic Bo, Blackjack, Baccarat, додека верзијата со Европски дилер во живо нуди поголем избор- VIP Roulette, Roulette Pro, Casino Hold’em, Unlimited Blackjack, стандарден Blackjack итн.

Игри во Bet365 (Games)

Во онлајн казиното на Bet365 имате и категорија која е насловена како Games или во превод игри. Тука може да најдете многу слот игри кои најчесто се сопственост на Bet365. Значи, доколку барате нешто уникатно и поразлично од другите онлајн казина, тогаш тоа може да го најдете во категоријата Games.

Покер

Покерот исто така е дел од казиното на Bet365, но сепак тоа си е засебна категорија. Покерот е омилена игра на многу луѓе ширум светот, па доколку и вие сте фан на оваа игра, тогаш ова е вистинското место за вас.

Секогаш има по неколку илјади онлајн корисници кои се активни на различни маси во поглед на влогот. Вие можете да играте на различни маси кои се наменети за сечиј џеб, па веруваме дека ќе се чувствувате задоволно од оваа категорија.

Освен тоа, вие за почеток имате можност да добиете дури до 365 евра бонус за добредојде, а искрено ова е понуда која не смеете да ја пропуштите.

Вегас во Bet365

Во казиното на Bet365 имате можност да играте и во Vegas категоријата. Тоа е категорија со слот апарати кои се доста усовршени и модерни. Оваа категорија е наменета за сите играчи кои бараат модерно онлајн казино и кои се стремат кон високи добивки.

Бинго

Ретко во кое казино можете да си приуштите задоволство наречено бинго. Во оваа категорија можете да се сретнете со повеќе видови на бинго и тоа бинго со 75 и 90 бројки како и специјал бингото.

Лојалните бинго играчи можат да освојуваат VIP поени за секои 10 изиграни евра на бинго, а потоа да ги разменуваат во пари.

Џекпоти

Џекпотите на bet365 казино брзо се зголемуваат и често се добиваат. Со најголем џекпот најчесто е прогресивниот слот Jackpot Giant со повеќе од 7 милиони евра.За разлика од неколку други помалку реномирани казина, bet365 казино плаќа прогресивни добивки одеднаш, а не на рати, па затоа ако победите нема да чекате 30 години за да ги добиете парите.

Bet365 казино бонуси и промоции

Тимот кој е овластен за бонусите и промоциите напорно работи на оваа тематика. Како што знаете бонусот е главната алатка за придобивање на нови клиенти. Многу често имаат програми за лојалност, неделни промоции, како и бонуси за добредојде. Целата понуда можете ја најдете на нивниот сајт.

Уплата на средства

Кога го посетивме казиното на bet365 забележавме дека уплатата на bet365 казино е практичен и лесен процес. Листата на методи достапни за уплата на bet365 ви е дадена на главното мени, подолу е листата на методи на уплата кои ние ги забележавме како и времето на процесирање на трансакциите.

Уплатa можете да извршите со сите картички, преку банка, чек или со некои од познатите е-новчаници. bet365 казино не напраќа надомест за уплата со било кој метод, сите се бесплатни.

  • Дебитна картичка
  • Кредитна картичка
  • Neteller
  • Skrill
  • PaySafeCard
  • Paypal
  • Банкарски трансфер
  • Чек
  • uKash

Исплата на средства

Кога го посетивме bet365 казиното зебележавме дека за подигнување на средства се користи истиот метод кој сте го избрале и за уплата, подолу се времињата на процесирање кои се назначени на веб страната:

  • Дебитна картичка
  • Кредитна картичка
  • Neteller
  • Skrill
  • Paypal
  • Банкарски трансфер
  • UKash

Корисничка поддршка

Според нашето искуство корисниците можат да се потпрат на љубезната поддршка за корисници 24 часа на ден, 7 дена во неделата. Агентите за грижа за корисници се достапни преку чет во живо, телефон, емаил, факс и тие се спремни да се справат со секој проблем и да одговорат на секое прашање на ефикасен и пријателски начин.

За разлика од некои други оператори кои бараат да имате сметка за да ја користите опцијата за чет во живо, на bet365 казино е достапна за секој посетител на сајтот.

Кога ќе пристапите до веб-страницата на bet365, треба да се упатите кон “Помош”, а потоа во делот “Контактирајте”, каде што ќе го најдете достапниот телефонски број за вашата земја.

Исто така корисничката поддршка е достапна на повеќе јазици.

Заклучок за bet365 казино

Според нашата рецензија bet365 е водечки бренд кога станува збор за онлајн обложување, како и казино игри. Целокупната понуда на игри како и на бонуси и промоции е одлична, за разлика од други онлајн казина.

Го препорачуваме казиното на bet365 доколку ви треба место со многу слот-машини. Исто така добри бонуси и промоции, голем број други игри, добар углед и многу повеќе. Според нас bet365 казино е многу блиску до совршенство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*